Најубавата фотографија од Параолимписките игри во Рио

280

По завршувањето на Олимписките игри, се одржаа и Параолимписките игри, наменети за лицата кои имаат пречки во развојот.

Овие лица, и покрај физичките ограничувања, воопшто не се предаваат и се активни во многу спортски дисциплини.

Една од дисциплините која е дел од параолимпијдата е и кошарката за инвалидизирани лица во која тие играат со нивните колички.

По завршувањето на натпреварот меѓу Канада и Кина, кој заврши со победа на Канада, Адам Ланча притрчува да ја прегрне својата жена, Џејми Џулс, и да ѝ честита за победата.

Џејми завршила во количка после сериозна сообраќајна несреќа кога имала 14 години, но тоа во никој случај не ја спречило да се занимава со она што го сака.

Адам пак, исто така, се занимава со кошарка и е дел од канадскиот машки тим за кошарка во колички. Роден е без стапала и глуждови и се движи со помош на протези уште од кога наполнил 1 година.

Протезите не биле пречка да се откаже од својот сон, па почнал да тренира кошарка кога имал 9 години.

Фотографијата на која можеме да ги видиме нив двајца како се бакнуваат радувајќи се на победата е нешто кое го обиколи светот и трогна многу луѓе.