Волшебен дворец изграден во чест на руска балерина | Видео

1530

Дворецот кој стои на врвот на стрмната карпа висока 40 метри и изгледа дека во секој момент ќе падне во Црното Море, изграден е во раниот 20 век. Ластовичкото гнездо се наоѓа на карпата Аурора во селото Гаспра на Кримскиот Полуостров.

Во близина е најпривлечното летувалиште на полуостровот – Јалта, кое туристите ги привлекува со убавите плажи.

Пред да биде направен дворецот на карптата стоела една дрвена куќичка која ја купил германскиот политичар баронот фон Штајнгел и одлучил да изгради ремек-дело на архитектурата по пример на романтичните дворци на брегот на Рајна.

Наводно причина за тоа била неговата љубовница, руската балерина со која тој таму ги поминувал деноците.

Но приказната за љубовта на Аурора започнала еден век претходно, кога според легендата, од карпата се фрлила девојка поради несреќна љубов.

Љубовното гнездо го овековечиле бројни руски филмови.