Ова мора да се знае за интимната зона

3061

Постојат многу предизвикувачи на непријатности во интимната зона, на кои секоја жена треба да обрне внимание и да се погрижи за интимното здравје и хигиена

Средства за туширање

Обичните сапуни или гелови за туширање не се наменети за интимните делови на телото. Повеќето такви производи се користат за одржување на природната pH вредност на кожата, која изнесува 5,5. Нормалната pH вредност на здравата вагина се движи меѓу 3,8 и 4,5.

Користењето на обични сапуни ја нарушува природната флора на интимната зона, создавајќи услови за развивање и размножување на штетните бактерии. Како последица, се јавуваат иритации, болка, непријатни мириси и чешање.

Совет: Експертите препорачуваат користење топла вода и исклучиво производи наменети за интимната зона.

Долна облека

Синтетичка долна облека спречува циркулација на воздухот и ја зголемува влажноста на интимната зона, со што се создава идеална средина за развој на бактерии.

Совет: Создадете навика на носење памучна долна облека. Памукот е природен материјал низ кој кожата дише и не се поти, а гаќичките со чипка чувајте ги за посебни прилики.

Депилација

Отстранувањето на влакненцата од интимната зона не е само прашање на хигиена, туку е и повеќе тренд, но во потрагата по што поинтересни фризури треба да бидете многу внимателни.

Агресивна депилација, особено во домашни услови, може да предизвика иритации, црвенило, воспаленија и поткожни влакненца, кои се непријатна појава после депилацијата со восок.

Совет: Без оглед на тоа за каква фризура сте се одлучиле, со оглед на тоа што станува збор за многу чувствителна кожа, отстранувањето на влакненцата во тој дел од телото препуштете го на стручни козметички лица.

Секс

Сексот за време на менструација не е добра идеја, бидејќи носи голем ризик за појава на инфекции. Крвта претставува одлична подлога за живот на сите микроорганизми, а преку сексот тие би можеле да се пренесат во горниот дел од репродуктивните органи.

Совет: Избегнувајте сексуални односи за време на циклусот и нормално, внимавајте на секојдневното менување на хигиенски влошки или тампони за кои се препорачува да ги менувате на секои три часа.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.