Астрологијата потврдува дека спротивностите се привлекуваат, а тие врски обично се проследени со силна хемија, но и многу конфликти.
Откријте како спротивни знаци често произведуваат страствени врски
Овен и Вага
Уште при првата средба тие чувствуваат силна привлечност. Односот ќе биде вистински предизвик на кој тешко ќе можат да му оддолеат, но ќе се јават проблеми, затоа што „пристојното однесување“ и „живот по правила“ ќе му одат на Овенот на нерви, а Вагата ќе се сака да го „цивилизира“. За да успее врската, потребни се заеднички проекти и активности.
Бик и Скорпија
Оваа е жешка комбинација уште од самиот почеток. Кога сензуалните и опуштени Бикови ќе се опуштат пред Скорпиите и ја увидат нивната страст за животот, доаѓа до силни копнежи. Ако се спојат во љубовна врска, конфликтите се неизбежни. Работите можат да се поправат ако својата страст ја изнесат од дома и ја насочат кон заедничко дружење со пријателите.
Близнаци и Стрелец
Нивната привлечност не е само физичка, туку се привлекуваат и на умствено ниво. Љубопитните Близнци и филозофски настроените Стрелци лесно се фасцинираат и во состојба се со часови да разговараат за сѐ и сешто. Сепак, проблемите настануваат кога Близнаците почнуваат да се нервираат поради ставот на Стрелците дека „знаат сѐ“, а на Стрелеците им пречи што Близнаците се површни и сакаат да разговараат. Но, нив повторно ќе ги спојат заедничките интереси: патување, излет во природа…
Продолжува на страна 2