Рак и Јарец
Откако чувствителните Ракови кои се наклонети кон сигурност ги запознаат силните и доминантни Јарци, се создава класична привлечна врска. Но, тој привлечен однос лесно може да ја изгуби својата магија, затоа што Раковите чувствуваат дека Јареците ги игнорираат, додека на Јарците ќе им смета зависноста и чувствителноста на Раковите. За да опстане оваа врска, треба да се посетат дека не се само партнери, туку и љубовници. Оживувањето на страствениот елан ќе ги врати работите во нормала.
Лав и Водолија
Во моментот кога кралот на својот универзумот – Лавот, ќе ја сретне уникатната Водолија, која не се поклонува пред ничиј авторитет – искри летаат на сите страни. Таа бунтовност е она што го фасцинира Лавот, додека Водолијата се восхитува на неговата харизма. Но, потребата на Лавот за внимание ќе и оди на нерви на Водолијата, додека пак Лавот не може да го поднесе фактот што Водолијата им пркоси на општествените норми. Врската ќе опстане ако и двете страни се заинтересирани за повремено заедничко повлекување од општеството.
Девица и Риби
Фатална е енергијата кога практичните Девици кои сакаат ред и распоред во животот ќе се спојат со Рибите кои пливаат низ животот за да избегаат од рутината. Нивниот љубовен однос и двете страни го доживуваат како можност да си го променат љубовтот. Девиците ќе им помогнат на Рибите во организација, а Рибите ќе им покажат на Девиците како да се опуштат.
Со текот на времето, Девиците ќе почнат да им замеруваат на Рибите за нивната несериозност, а Рибите не можат да го поднесат фактот што Девиците сакаат да контролираат и критикуваат сѐ. Односот ќе опстои само со прилагодливост од двете страни и чести разговори.



















