Билки и зачини за подобрување на имунитетот

33

Пролетниот период, а посебно наглите климатски промени доведуваат до ослабување на имунитетот.

Затоа консумирајте природни продукти кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот.

Ѓумбир

Ѓумбирот се употребува во традиционалната кинеска медицина со векови. Тој помага кај луѓето кога имаат диареа, при гадење и настинки. Исто така ѓумбирот се препорачува и за намалување на крвен притисок. Истражувањата покажуваат дека овој плод може да помогне при лошење на бремени жени, да смири лошење после хемотерапија. Докажано е исто така дека има антиоксидантно дејство, кое помага на организмот да се бори против бактериите кога сме болни. Ѓумбирот можете да го дададете во некое јадење или да го користите како чај.

Канела

Исто така канелата како зачин е многу корисна за нашиот организам. Таа се користи како зачин во некои пикантни јадења, а се додава и во слатки задоволства. Канелата е антиоксидант кој е многу добар за нашиот имунолошки систем. Според некои истражувања канелата има антибактериско дејство и помага во „отпушувањето“ на крвните садови. Канелата помага и во намалувањето на шеќерот во крвта и се препорачува за луѓе со висок ризик за добивање на диабет. Додавањето на канелата во секојдневната исхрана не би требало да е тешко. Можете да ја додадете во овесните снегулки, или пак во вашето омилено кафе, а секако и во омилените колачи.

Продолжува на страна 2