Отпрвин покривало 75% од неговиот грб, но подоцна било подебело и стуткано.
18-месечниот James McCallum од Clearwater, Флорида, има вроден melanocytic nevus кој предизвикува ненормално темни дамки на кожата, но не е тумор. Оваа ретка состојба на кожата ги изненади дури и лекарите.
Поради израстокот на кожата кој наликува на школка, неговите родители го нарекле „малата нинџа желка“. Мајката на момчето, 35-годишната Kaitlyn McCallum, изјавила дека ултразвукот за време на бременоста не покажал ништо необично за состојбата на детето. Малиот е родена на 19 август 2021 година.
Kaitlyn и нејзиниот сопруг, 41-годишниот Tim, се загрижиле кога виделе дека на James му се развиваат красти и грутки на грбот.
– Изгледаше како бенка, но на делови имаше красти. Бевме загрижени бидејќи изгледаше дека нешто се уште не е во ред, рекла мајката, пренесува Mirror.
Кога тој белег на кожата растел, наликувајќи на голема бенка, родителите на момчето го однеле на тестови, а резултатите ги чекале со месеци.
– Лекарите во тој момент не знаеја за што се работи. Отпрвин покриваше 75% од неговиот грб, но се подебело и покрупно. Имавме впечаток како да расте, додаде мајката.
Нерамнината растела толку брзо и толку гломазна што малиот морал да спие на страна.
– Стана како оклоп на желка. Не можеше ни да ја спушти главата надолу.

На четиримесечна возраст, малиот ја направил првата операција за отстранување на невусот. Прво, му било направена магнетна резонанца на мозокот и ‘рбетот за да се утврди дали грутката расте одвнатре. Така малиот морал да се стави под анестезија на само два и пол месеци.
За среќа, немало внатрешни израстоци, па започнал процесот на отстранување, а лекарите по првата операција му ја тестирале кожата на болести. Резултатите биле негативни.
Загрижени дека масата може повторно да порасне, Tim и Kaitlyn се придружиле кон група на Фејсбук за да се поврзат со други луѓе кои ја имаат оваа состојба.
Откако се поврзале со специјалист во Чикаго, родителите на James решиле да започнат со експанзија на ткивото во септември 2022 година, што вклучува хируршки одгледување на здрава кожа.

– Процесот може да се направи дома. Докторот ги става експандерите под кожата, а потоа еднаш неделно инјектираме физиолошки раствор. Тој полека ја шири здравата кожа која го заменува невусот. Сега е многу посреќен и поудобно се чувствува. Ќе бидеме среќни ако до лето се ослободиме од се, вели мајката и додава дека James ќе има минимални лузни.
Бидејќи оваа состојба обично се појавува на лицето, родителите се среќни што се појавила на грбот на нивното момче.
„Кога ќе порасне, ќе може да раскаже некоја кул приказна за тоа и да каже дека било каснување од ајкула или нешто слично“, вели Kaitlyn.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















