Често имате болки во стомачниот предел, имате проблеми со столицата или се чувствувате подуено?
Малку лосос и сонце изгледа можат да ви помогнат да се ослободите од овие непријатни симптоми.
Едно ново истражување открива дека гастро-интестиналните проблеми се случуваат поради недостатокот на витамин Д.
Научниците откриле дека дури кај 82% од испитаниците кои го имаат синдромот на „нервозно“ црево – состојба која се карактеризира со стомачна болка, запек или дијареа и подуеност, имаат и недостаток на витаминот Д.
Она што не се сигурни е дали недостатокот на витаминот Д предизвикува појава на синдромот или ситуацијата е обратна, но знаат дека со покачување на нивото на витаминот Д во организмот симптомите се намалуваат.
Затоа: Јадете храна богата со Д витамин
Масната риба како лососот, пастрмката, па и јајцата и печурките се збогатени со витаминот Д. Покрај нив истото важи и за јогуртот, бадемовото млеко и житариците.
Размислете за додатоци
Поголемиот дел од луѓето, посебно во текот на зимата, имаат недостаток на витаминот Д, па можеби добро е да се одлучите и за додатоци со кои ќе го покачите нивото.
Сончајте се
Секако сега немаме голема можност за тоа, но во потоплите месеци сонцето е најдобар извор на витаминот Д. Доволни ви се дури и 10-на минути.



















