Џејмс Исак е аутистично момче кое не може да зборува.
За децата со аутизам светот може да биде збунувачко и застрашувачко место, па поради тоа често имаат терапевтски кучиња кои им се верни придружници и се тренирани да внимаваат на нив и да ги смируваат.
Поради прегледи и испитувања, со цел да се утврди причината за нападите на Џејмс, малото момче морало да лежи одреден период во болница.
Бидејќи присуството на црниот лабрадор го смирувало, вработените во болницата решиле да направат исклучок и да му дозволат на кучето да биде покрај малиот пациент за време на неговиот престој во болницата.
3-годишното куче по име Махе било покрај Џејмс нон-стоп и не сакало да го напушти неговиот болнички кревет.
Фотографиите кои ја рефлектираат огромната посветеност на Махе, полека, но сигурно го обиколуваат светот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.