Сопствениците на милениците некогаш погрешно го толкуваат говорот на телото на животинчето. Така, многумина мислат дека накострешена мачка која мафта со опашката е лута и агресивна.
Вистината е дека кога се накострешува, мачката всушност е исплашена и вознемирена и мисли дека е во опасност. Многумина грешат во тоа што ја споредуваат мачката со кучето, но единствено заедничко за нив е што се најбројни домашни миленици.
Па така, ако кучето легне на грб, тоа ви дозволува да го галите по стомакот, но ако мачката легне на грб, тоа најчесто значи дека само се истегнува. Најголемиот број мачки не сакаат да ги галите по стомак.
Единствен исклучок е кога се покрај личност на која ѝ веруваат. Тогаш тие, во знак на лојалност, дозволуваат да бидат галени по најранливиот дел од нивното дело.
Кога куче мафта со опашката, тоа е среќно и возбудено. Но, кога мачката мафта со опашката, тоа значи дека има многу енергија и дека сака да се истрча или да си игра, односно ѝ е здодевно.