Осумдесет и четири отсто од родителите ги лажат своите деца со цел да ги поттикнат да се однесуваат убаво и им даваат ветувања, кои никогаш нема да ги исполнат, покажуваат истражувањата.
Постојат некои лаги со кои се служат речиси сите мајки и татковци, а на кои се смееме како возрасни
1. Те донесе штркот
Овој одговор детето го добива кога ќе ги праша родителите како дошло на овој свет. Долга и комплицирана е приказната дека мама и тато се сакаат и бидејќи заедно спијат, на мама ќе и порасне стомакот, каде што ќе спие бебето, а потоа мама ќе замине во болница и ќе го донесе бебето.
2. Немој да пиеш кафе, ќе ти порасне опашка (или мустаци)
Децата често пати ги имитираат возрасните и нормално е да посакаат да пијат кафе кога ќе ги видат родителите дека ужуваат во овој напиток, додека разговараат со роднините или пријателите. Иако и самите го пијат, родителите на своите деца не им дозволуваат да конзумираат кафе, поради влијанието на коефинот врз работата на срцето.
3. Ако лажеш ќе ти умре мајка
Веројатно најбруталната лага е токму оваа. Иако има за цел да биде воспитна мерка, всушност е голема емотивна уцена за секое дете. Има случаи на децата да им се закануваат со смрт, дури и доколку одат боси! Тука може да се спомене и лагата: Не ги тепај мама и тато ќе ти се тресат рацете.
4. Мачето само спие
Мошне е тешко да го учите детето за различни болни ситуации, со кои ќе се соочи во животот. Смртта е секако една од нив. Затоа родителите често пати даваат алтернативни одговори, кога детето ќе види мртво животно на улица и најчесто добиваат одговор дека прегазената мачка само спие.
5. Стигнуваме за пет минути
На децата често пати им е досадно возењето и редовно прашуваат кога ќе стигнеме. Најчест одговор на родителите е „за пет минути“, со оглед на тоа дека децата немаат претстава колку изнесува тој временски период.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2