Присуство на татковците за време на породувањето – да или не? Што велат македонските мажи

25454

Во последно време многу татковци присуствуваат на раѓањето на своите деца. Ова во приватните болници не се наплатува дополнително, а се дозволува, се разбира, само во случаи на нормално породување. Оттаму велат дека татковците, главно, доста добро се држат.

Искуствата на татковците

Американскиот автор, колумнист и радио водител, Армин Брот, на темата, дали татковците треба да присуствуваат на раѓањето на своите деца или не, духовито забележал: Не толку одамна, во периодот кога оваа, сега репродуктивна генерација првпат го гледаше дневното светло, татковците не беа ниту присутни ниту пожелни во родилиштата.

Сега, ако идниот татко не скока од среќа зашто ќе присуствува при пораѓањето и не ги завршил навреме сите подготовки за пораѓање, го сметаат за неандерталец. А кој? Најчесто тие две: идната мајка и нејзината мајка.

Иако некои истражувања покажале дека присуството во породилната сала е корисно за трудниците, со ова не се сложуваат сите доктори затоа што сметаат дека некои од мајките на тој начин се под уште поголем стрес и потешко им е да се сконцентрираат на самиот чин на раѓање на детето.

Македонски примери

Продолжува на страна 2