Пронајдени остатоци на еден од последните мегараптори на планетата / пред 70 милиони години тој владеел со Земјата

1406

Палеонтолозите од аргентинскиот Природонаучен музеј објавиле дека откриле фосилизирани остатоци од мегараптори, месојадни диносауруси стари 70 милиони години, од групата тероподи од кои потекнувале велоцирапторот и тираносаурусот, од кои еволуирале денешните познати птици.

Мегарапторот живеел во време на доцната креда

Тој е еден од последните месојади од групата двоножни диносауруси кои ја населувале Земјата и масовно изумреле пред 65 милиони години.

Остатоците од мегарапторот биле откриени во јужната аргентинска провинција Санта Круз кон средината на март 2020 година. Откако ги проучиле остатоците од фосилите, долги околу 10 метри, експертите сфатиле дека гледаат остатоци од предаторски диносаурус од крајот на „периодот на диносаурусите“.

Делови од ‘рбетот, ребрата, градите и рамениот појас на овој примерок укажуваат на тоа дека станува збор за новооткриен, истовремено посовремен тип на мегараптор.

„Пред 65 милиони години се случило масовно истребување на диносаурусите, а овој фосил на мегараптор, кој допрва треба да го проучиме, бил еден од последните претставници на таа група“, изјавил Фернандо Новас, палеонтолог кој работел на овој проект.

Кој навистина бил мегарапторот?

“За разлика од тираносаурусот (Т-Рекс), еден од најчестите големи тероподи, мегарапторот бил потенок, поагилен и побрз. Имал долга опашка што му овозможувала да одржува рамнотежа. Мегараперите имале мускулести и долги нозе, што им овозможувало да направат долги чекори“, објаснил Новас.

“Главното оружје на мегарапторот биле неговите екстремно долги и мускулести предни екстремитети со канџи слични на коса за косење трева. Тие достигнувале и до 40 см во должина, предизвикувајќи длабоки оштетување на пленот”, изјави палеонтологот Мауро Арансиага Роландо.

Се верува дека брзината и агилноста биле клучни за долгиот опстанок на мегарапторите бидејќи тие се хранеле со подвижни диносауруси тревојади кои биле нешто помали, долги од пет до шест метри и живееле во големи групи и шетале наоколу, слично како газелите или антилопите денес по африканските савани.

Тероподите првпат се појавиле за време на доцниот тријас, пред околу 230 милиони години и тука спађале сите големи копнени предатори од раната Јура до крајот на мезозоикот, пред околу 65 милиони години. Денеска нивните претставници сочинуваат околу 9900 видови птици кои еволуирале за време на Јура од посебни мали диносауруси.

Мегарапторот живеел во време на доцната креда. Повеќето од мегарапторните фосили се откриени во областа на северозападна Аргентина.