Уште во 2003 година оваа жена запознаа прасенце кое и го променило животот. Често го водела на шетање, а реакциите на луѓето биле повеќе од позитивни.
Тоа мало прасе ја натерало да мисли на другите напуштени животни за кои никој не се грижи. По некое време одлучила да ја напушти работата и да отвори фарма за незгрижени животни. Во моментот има околу 450, а спасила илјадници животни до сега.
Многу од нив биле отфрлени и болни, а таа и нејзиниот тим секогаш се трудат да им пружат најдобра помош и нега. Дека секое животно е посебно сведочи и фактот што има пиле кое обожава да јаде шпагети.
Делејќи ги нивните приказни, оваа жена се обидува да допре до луѓето и да им покаже дека не се само кучињата и мачките животни на кои им е потребна помош.