Исхраната, покрај препишаната терапија, игра значајна улога во лечењето на кандидата.
Потребно е да се држите неколку недели на режимот на исхрана против кандида, или пак ако има потреба може и подолго.
Најважно е да се исфрлат рафинираните шеќери, кои габичките ги користат како подлога за брзо размножување.
Недозволена храна
Шеќер во сите можни облици, вклучително и обичен бел, кафеав, мед, како и производи со сахароза, фруктоза, глукоза, малтоза, сорбитол, кои ги има во колачите, чоколадите, џемовите… Истото важи и за овошјето и овошните сокови.
Исто така, исфрлете го внесот на квасец преку пекарските производи или суплементи. Не ви е потребен ниту оцетот, кој освен во својата обична форма, го има во туршијата, кечапот, сосовите од продавница и т.н.
Треба да ги исфрлите и печурките, кикириките, ф’стаците, кафето и чајот, старите зрели сирења и месните преработки.
Дозволена храна во ограничени количини
Млечните производи внесувајте ги во ограничени количини, по можност само во форма на јогурт и кисело млеко. Избегнувајте ги сите сирења, освен оние со низок процент на лактоза.
Дозволена храна
Смеете да јадете интегрални житарици, зелен зеленчук, алги, пуканки, тофу, риба, мали количини маслиново масло, зелка, краставици, мешунки, природни сокови од зеленчук… Од овошје дозволен е само лимон, а од месо пилешко, дивеч и риба.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















