Потребно
- кајсии
- 4 јајца
- 150 гр мелени бадеми
- 100 гр остро брашно
- 100 гр путер
- 100 гр шеќер
- 2 мали лажички прашок за пециво
- малку презли за посипување на плехот
Подготовка
- Измијте ги кајсиите, извадете ги семките и исечете ги на помали парчиња. Плехот за печење намачкајте го со маргарин и посипете го со презла.
- Маргаринот истопете го на тивок оган. Во сад помешајте ги брашното, прашокот за пециво и бадемите. Во друг сад пет минути матете ги јајцата со шеќерот.
- Разладениот маргарин полека додавајте го во смесата со јајца и шеќер, а потоа постепено додајте ги брашното, бадемите и прашакот за пециво.
- Ставете ја смесата во плехот и одозгора распоредете ги кајсиите.
- Ставете го колачот во рерна загреана на 180 степени и печете околу 30 минути.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















