Дали ви пречи мобилката за време на секс?

1365

Зависноста од мобилните телефони честопати може да оди предалеку. Истражувањето спроведено од компанијата „SureCell“ покажа дека секоја десетта личност е „опседната“ со својот телефон, па дури и го проверува за време на сексот.

Покрај тоа, 43% од учесниците признале дека го прават тоа цело време, а главно се на возраст меѓу 18 и 34 години.

Според „The New York Post“, ништо од ова не треба да претставува големо изненадување, имајќи предвид дека во последните пет години многу луѓе го игнорираат својот партнер затоа што постојано ги разгледуваат социјалните мрежи на нивниот телефон.

Скоро половина од луѓето во претходното истражување признаа дека го прават тоа цело време. Дури и кога вечерале со својот партнер, дури третина од испитаниците изјавиле дека не се одделуваат од мобилниот телефон.

Многу испитаници исто така рекле дека токму нивните мобилни телефони го уништиле нивниот љубовен живот.