Египќанец кој открил една од тајните гробници во пирамидата на висок свештеник познат како Вахтје, тврди дека откритието му го променило животот.
Гробот на свештеникот бил недопрен цели 4.400 години и бил откриен во Сакара, големо археолошко наоѓалиште. Свештеникот имал висок чин за време на владеењето на фараонот Нефериркара Какаи од петтата династија
Хамада Шехата Ахмед Мансур, Египќанец кој им помагаше на археолозите во истражувањето на гробницата, сведочеше за своето искуство во документарниот филм „Тајните гробници во Сакара“, што неодамна беше емитуван на Netfliх.
Во пирамидата, Мансур открил гробница во која биле закопани мумии на мачки, како подарок на божицата Бастет, која била прикажана со глава на мачка. Божицата Бастет, меѓу другото, била заштитничка на бременоста и породувањето, но и божица која штити од заразни болести и зли духови.
Египќанецот сведочеше дека, откако ја истражувал гробницата, доживеал необично искуство – неговите мачки почнале да се однесуваат чудно.
Уште кога почнав да ја копам гробницата каде што беа мумиите на мачки, кога мачките ќе ме видеа дома, тие бега од мене. Тие се плашеа од мене. Тие не се однесуваа со мене како порано, како домашните миленици. Кога тоа се случи, им велев „имате право, јас ги ископав вашите предци од земја и ги спакував во магацин. Можеби тие мислеа дека и нив ќе им го сторам истото“, рече Мансур.
Мачките се сметале за волшебни суштества во антички Египет кои неселе среќа. Египтолозите наведуваат дека мачките имале статус скоро како божество и неколку богови во кои Египќаните верувале биле прикажани во нивната форма. По смртта, мачките често биле мумифицирани.