Колач со ореви и џем од кајсии

296

Многу лесно и брзо ќе го подготвите овој вкусен домашен колач …

Потребно

  • 2 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 200 мл млеко
  • 200 мл масло
  • 200 гр мелени ореви
  • 200 гр гриз
  • 200 гр брашно
  • 2 изрендани јаболки
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • малку рум
  • 50 гр џем од кајсии
  • 50 гр сецкани ореви

Подготовка

  • Во еден сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер.
  • Додадете ги маслото, млекото, оревите, гризот и брашното што претходно сте го помешале со прашокот за пециво. Изматете убаво.
  • На крај додадете ги изренданите јаболки и измешајте.
  • Горната смеса сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени 30-35 минути.
  • Печениот колач премачкајте го со џемот од кајсии и посипете го со сецканите ореви.