Осумгодишната Maggie е навистина прекрасно куче со оглед на сите тешкотии и ужаси низ кои поминала за да преживее и конечно да го најде својот безбеден дом.
Кучето Maggie е вистинско чудо – успеала да преживее тешки повреди во Либан и да стане херој во Обединетото Кралство.
Осумгодишната кучка била бремена кога ја пронашле во една кутија во Либан, слепа без едно уво со скршена вилива и застрелана со 17 куршуми, пишува 12tomatoes.
Кучето било спасено од Wild At Heart и посвоено од Kasey Carlin од Брајтон, Англија. Животот на Maggie сега е сосема поинаков. Таа стана инспирација за луѓето кои ги сакаат животните ширум светот.
Има и профил на Инстаграм со над 499.000 следбеници. Воедно, таа стана терапевтско куче и често ги посетува луѓето во болниците, домовите за стари лица и универзитетите.
„Она што и се случи на Maggie е ужасно, но ако нејзината приказна може да ги научи и инспирира другите да направат нешто добро, тогаш ние можеме да го направиме нашиот дел и да го направиме светот малку подобар“, рече Carlin.