6. Дедо Мраз постои
Ова е една од оправданите лаги и една во која сакаме засекогаш да веруваме. Дедо Мраз е олицетворение на добрина, чесност, радост и ги исполнува сите желби. Ги мотивира децата да бидат добри во текот на целата година, ја развива нивната фантазија и на крајот им носи подароци. Проблемот е што оваа лага повлекува со себе нови прашања, на кои исто така треб да се даде креативен одговор: Како ирвасите можат да летаат? Што прави Дедо Мраз во текот на целата година? Како тој така дебел се спушта низ оџакот? и Како доаѓа ако немате оџак?
7. Колачите се за гости
Ова секако не е целосна лага, но секако е реченица, која никој не сака да ја слушне од своите родители. Изговорена е секако со цел детето или децата да не ги изедат наеднаш сите колачи, бидејќи сите знаеме дека шеќерот не е здрав.
8. Немој да ми се губиш од вид, ќе те земе вештерката/бабарога
Не сакаат баш сите деца родителите да ги држат за рака додека се шетаат, а имаат и обичај да тргнат по својот пат по нешто што им е интересно и тука настануваат родителските маки.
9. Ако не си добар ќе те уапси полицаецот
Кога децата се немирни некои родители им се закануваат со полицајците, како личности од кои би требало да се плашат или со лекари со инјекции.
10. Продавницата со играчки денеска не работи
Како да му објасните на детето дека не може да ја има секоја играчка што ќе ја посака? Немате пари, а тоа на сред улица почнало да вреска за нов комплет коцки. Секој друг одговор освен „продавницата е затворена“ би барал повеќекратно натегање.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















