Сексот со непознат/а не е фантазија, но е најбезбедно неверство

1006

Изневерувањето не е пријатно нешто, но е далеку погорчливо, ако ви стават рогови со ваш другар или пријател/ка.

Тоа не е невозможно, но пак трендот е со непознати , покажува новото истражување.

Три четвртини испитаниците од двата пола признаваат дека би сакале да го изневерат со некого, кого штотуку го запознале отколку со човек кого го познаваат.

Има неколку причини

  • 70% велат дека би се чувствувале помалку виновни ако му стават рогови на саканата/иот со непознат/а;
  • 42% сметаат дека ако не го познаваат сексуален објект помалку е веројатно да бидат фатени;
  • 30% сметаат дека сексот со целосно непозната личност е многу возбудлив;
  • 55% се загрижени дека ако спиеле со човек од опкружувањето и потоа го гледаат, тој може да одлучи дека меѓу нив се случува нешто посериозно што тие секако сакаат да го избегнат по секоја цена.

Истражувањето било направено за сајтот Викторија Мила, а неговиот основач и извршен директор Сигурд Ведал вели дека оние кои се решиле на ваков чекор се подготвени на се за да го задржат своето дело во тајност и да го заштитат личниот простор.

“Оние кои изневеруваат, преферираат да го прават со непознати, бидејќи така не се создаваат навики, нема очекувања, ветувања и ризикот да бидат фатени е помал. Да изневеруваш со некого што го познаваш, е возбудливо, но и многу опасно и затоа не вреди ризикот“, коментира Ведал.