Монсанто ГМО | Пченка Создаде Мутирани Мега Инсекти и Суперплевел | Видео

568

Група од 22 научника, експерти за пченка, ја предупредуваат американската владина институција ЕПА, Агенција за заштита на животната средина (Environmental Protection Agency) на закани кои ги предизвикуваат генетски модифицираните посеви на Монсанто.

Истражувањето е објавено во престижното научно списание “Environmental Sciences Europe”.

Научниците предупредуваат дека Монсанто ГМО пченка создава инсекти “мутанти” кои развиваат специфична отпорност како резултат на масовната употреба на ГМО производи.

Пченка е клучната прехранбена култура, а исто така и интензивно се користи во производството на етанол, сточна храна и на други места.

Во Америка во моментов 88% проценти од целата пченка генетски е модифицирана, според информациите од Министерството за земјоделство – списанието Natural Society пренесува дека меѓу новите плантажи таа бројка дури е и повисока, околу 92% од целата пченка генетски е модифицирана.

Заради мутираните инсекти земјоделците се принудени да користат сѐ повеќе пестициди

Joseph Spencer, експерт за пченка од Универзитетот University of Illinois вели дека новите сознанија воопшто не изненадуваат, и дека треба сериозно да се предупреди агенцијата ЕПА.

Spencer наведува дека по долг период на користење на ГМО производи и специјални Монсанто средства против пченкарните штетници мутирале во мега-бубачки и сега им се закануваат на ГМО посевите, пренесува Ројтерс.

Научниците на 5 март испратиле предупредување до федералната агенција ЕПА кои упатуваат на тој проблем.

Агенцијата веќе има дадено изјава во која се наведува дека ЕПА беше информирана за новите сознанија, и како што веќе се запознаени со фактот дека Монсанто ГМО производите создаваат отпорни штетници кои во моментов ги уништуваат ГМО посевите откако дошло до мутации заради употребата на пестициди познат како Bacillus Thuringiensis. ЕПА има сознание за тоа како се појавиле мутираните штетници во следниве сојузни држави: Ајова, Илиноис, Минесота и Минесота, пренесува Блумберг.

Списанието Natural Society наведува дека се откриени осум видови на инсекти кои мутирале поради што земјоделците сега треба да користат дури и поголеми количини на пестициди.

Монсанто пестицидите создале и “суперплевел” кој уништил 120 милиони хектари земјиште

Продолжува на страна 2