Научниците тврдат | Зголемениот дневен внес на еден клучен елемент може да го намали ризикот од деменција

1095

Зголеменото внесување на храна богата со овој елемент, како што се спанаќот и јаткастите плодови, исто така може да помогне да се намали ризикот од деменција, која е седми најголем убиец во светот, велат авторите на најновата научна студија.

Австралиските научници во новата студија тврдат дека како што старееме, повеќе магнезиум во нашата секојдневна исхрана води до подобро здравје на мозокот.

Зголемениот внес на храна богата со магнезиум, како што се спанаќот и јаткастите плодови, исто така може да помогне да се намали ризикот од деменција, која е седми најголем убиец во светот, велат научниците од Лабораторијата за невровизуелизација и мозокот на Австралискиот национален универзитет (ANU).

Зголемување на дневниот внес на магнезиум и неговото влијание врз мозокот

Студијата на повеќе од 6.000 когнитивно здрави учесници во Велика Британија, на возраст од 40 до 73 години, покажа дека луѓето кои консумираат повеќе од 550 милиграми магнезиум секој ден, имаат мозочна возраст која е околу една година помлада до 55-тата година, во споредба со луѓето кои имаат нормален дневен внес на магнезиум од околу 350 милиграми.

Студијата беше спроведена така што нејзините учесници пополнија онлајн прашалник пет пати во период од 16 месеци. Добиените одговори се искористени за пресметување на дневниот внес на магнезиум на учесниците и се базирани на 200 различни намирници со различни големини на порции. Австралиските научници се фокусирале на храна богата со магнезиум. како што се зелен лиснат зеленчук, мешунки, јаткасти плодови, семиња и цели зрна, за да се направи просечна проценка на внесот на магнезиум од исхраната на учесниците.

Нашата студија покажува дека зголемувањето на внесот на магнезиум за 41 отсто може да доведе до помало намалување на мозокот поврзано со возраста, што е поврзано со подобра когнитивна функција и помал ризик или одложен почеток на деменција во подоцнежниот живот. Ова истражување ги истакнува потенцијалните придобивки од исхраната богата со магнезиум и улогата што ја игра во промовирањето на доброто здравје на мозокот, вели Khawlah Alateeq од Националниот центар за епидемиологија и здравје на населението на ANU и главен автор на студијата, објавена во European Journal of Nutrition.

Црни прогнози

Научниците веруваат дека бројот на луѓе ширум светот на кои ќе им биде дијагностицирана деменција ќе се удвои од 57,4 милиони во 2019 година на 152,8 милиони во 2050 година, што ќе врши зголемен притисок врз здравствените и социјалните услуги и глобалната економија.

Бидејќи не постои лек за деменција и развојот на фармаколошки третмани е неуспешен во последните 30 години, се сугерира дека треба да се посвети поголемо внимание на превенцијата. Нашето истражување би можело да го информира развојот на интервенции за јавно здравје насочени кон промовирање на здраво стареење на мозокот преку стратегии за исхрана, вели д-р Erin Walsh од ANU и коавтор на студијата.

Поголемиот внес на магнезиум треба да започне на помлада возраст

Австралиските научници велат дека внесувањето повеќе магнезиум во нашата исхрана уште од млада возраст може да заштити од невродегенеративни болести и когнитивно опаѓање додека да достигнеме 40.

Студијата покажува дека поголем внес на магнезиум во исхраната може да придонесе за невропротекција порано во процесот на стареење, а превентивните ефекти може да започнат во нашите 40-ти или дури и порано. Тоа значи дека луѓето од сите возрасти треба да обрнат повеќе внимание на внесот на магнезиум. Ние, исто така, откривме дека невропротективните ефекти на повисоките количини на магнезиум во исхраната им користат на жените повеќе отколку на мажите, а повеќе кај постменопаузалните отколку на жените во предменопауза, иако ова може да се должи на антиинфламаторниот ефект на магнезиумот, нагласува Alateeq.