Симптомите веќе не се исти | Ова се нови показатели дека сте – заразени

1183

Препорачливо е да направите тест за Ковид-19 ако сте биле вакцинирани и сте почнале да кивате без многу објаснување.

Како што се развива и мутира САРС-CoV-2, така се менуваат и симптомите што ги предизвикува кај луѓето. На пример, губењето на мирисот беше еден од очигледните индикатори на Ковид-19, но сега тоа е само деветти симптом што најчесто се јавува кај заразени лица кои не биле вакцинирани, пишува IFLScience.

Резултатите од новата студија спроведена во Велика Британија покажаа дека луѓето кои не биле вакцинирани, оние кои допрва треба да примат втора доза и оние кои биле вакцинирани имаат различни симптоми.

Најчестите симптоми кај луѓето кои не биле вакцинирани се: главоболка, болки во грлото, постојано течење на носот, треска и постојана кашлица. Целосното губење на сетилото за мирис повеќе не е толку чест симптом како и отежнатото дишење, што сега е на 30. место на списокот со симптоми.

Најчестиот симптом кај вакцинираните

Најчестите симптоми кај луѓето кои примиле една доза од вакцината се: главоболка, течење на носот, болки во грлото, кивавица и постојано кашлање.

Пациентите кои се заразиле со коронавирус откако ги примиле двете дози на вакцината имале пократко траење на симптомите, што укажува на тоа дека не биле сериозно болни.

Најчестите симптоми кај луѓето кои примиле две дози од вакцината се: главоболка, течење на носот, кивавица, болки во грлото и губење на мирис.

„Ако сте вакцинирани и сте почнале да кивате многу без објаснување, треба да направите Ковид-тест, особено ако живеете или работите околу луѓе кои се изложени на ризик“, советува тимот што работел на студијата.