Шпарглата (Asparagus) има мала хранлива вредност. Во 100 грама шпаргла има околу 20 калории.
Од хранливи материи, шпарглата содржи: 13,78 g протеини, 17 g јагленохидрати, минерални соли: калциум, фосфор, железо, калиум, магнезиум, витамини: А, Б1, Б2, ПП, Ц, Д и стероидни гликозиди, кои имаат антивоспалително дејство. Богата е со фолна киселина и со аспарагин.
Одгледувањето на оваа билка претставува важна гранка на земјоделството во Западна Европа, Америка и Азија, а исто така, шпарглата ја користеле и старите Египќани.
Шпарглата го снабдува организмот со магнезиум, бакар, фолна киселина и со витамин Е, со што го јакне срцето и крвните садови. Затоа таа често им се пропорачува на лицата со срцеви заболувања и со атеросклероза. Го спречува таложењето на масните наслаги во крвите садови и ги чисти.



















