Нутритивните својства на пченката

1536

Пченката е богата со: диететски влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта, со фолна киселина, која ги чува крвните садови, со витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот.

За разлика од зеленчукот, кој е поздрав сиров отколку варен, пченката е поздрава кога термички ќе се обработи.

При термичката обработка на пченката, при варење или печење, од неа се ослободуваат молекули кои го штитат телото од штетните ефекти на слободните радикали, што ја прави пченката природен заштитник против низа дегенеративни заболувања како што се: рак, Алцхајмерова болест, болести на срцето и крвните садови и други.

Термичката обработка на пченката ја зголемува и активноста на антиоксидативните молекули и нивото на фитоматериите со кои пченката обилува, а на кои им се препишуваат антиканцерогени својства на пченката.