Трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од ужасната никотинска криза

804

Според Светската здравствена организација, зависноста од никотин е една од најсилните кога станува збор за психоактивни супстанци.

Иако многумина нема да се согласат дека тутунот е супстанца која влијае на психата, научните студии исто така утврдиле дека никотинот ја менува нашата психолошка состојба, поради што се случуваат страшни никотински кризи.

Покрај физичката, постои и психолошка зависност од тутунот, што се одразува во „ритуалното“ пушење цигари, да речеме со кафе, после оброк, наутро кога ќе се разбудите.

Комбинацијата на овие две зависности доведува до тешки апстиненцијални кризи доколку одлучите да го зачувате вашето здравје и да ги оставите цигарите. Многумина на тој тежок пат се откажуваат, но пред повторно да посегнете по цигара, погледнете ги триковите кои можат да ви помогнат брзо да ја надминете кризата.

Пет совети како да се справите со криза при откажување од пушење

Прошетка – Ова може да ви помогне да ги тргнете мислите од цигарата, а познато е дека пешачењето ги шири крвните садови и предизвикува релаксација што може да ги олесни симптомите на криза.

Гуми за џвакање – Техника што се користи за да се задржи устата „зафатена“ со вршење некоја друга активност кога ќе се појави ненаситна желба за цигара.

Здрава ужина – Јадењето храна може да ги олесни симптомите на кризата, но обидете се тоа да биде некое овошје или зеленчук. Со грицкање ваква храна ќе се чувствувате подобро, а ќе ви се зголеми и психолошката сила во борбата со цигарите.

Исчистете го мобилниот телефон од несаканите апликации или одиграјте една партија игрици – Техника која ќе ви помогне брзо да го тргнете умот од цигарите.

Конечно, можете да се обратите за поддршка кај вашиот пријател или партнер кој ќе ви покаже дека е тука за вас и ќе ве поттикне да продолжите во вистинската насока.