Жените сѐ почесто ги изневеруваат своите мажи и тоа поради ова

2717

Изјавата на сексологот е потврдена од истражувањата кои покажуваат дека односот на жените кон ставот према вонбрачните сексуални афери многу се променил

– Порано жените се пуштале во афера затоа што престанале да ги сакаат своите мажи, но денес тоа почесто го прават само за сексуално задоволство и возбуда – објаснува сексологот Трејси Кокс.

– Значи, и понатаму се заљубени во своите мажи, но сакаат и нешто ново и различно – додава таа.

Изјавите на сексологот ги потврдуваат и истражувањата кои покажуваат дека односот на жените кон вонбрачниот сексуален живот има многу промени. Жените се осмелуваат да го направат она што порано не би можело да се замисли.

– Се разбира дека кај жените се јавува вина поради тоа, но научиле како да ја намалат. Себе си најчесто си велат дека заслужуваат среќа и дека сакаат да се чувствуваат живи. Си обајснуваат дека се добри мајки и добри сопруги и дека аферата е таа која ќе им даде задоволство и забава – вели Кокс.