Македонија навива за “Медена Земја” | Видео

254

Во раните утрински часови по македонско време сите погледи и сета возбуда ќе бидат вперени кон театарот „Долби“ во Лос Анџелес каде на 92 доделување на Оскар ќе бидат соопштени добитниците во 24 категории.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефаноф е во трка за Оскар во две категории за најдобар документарец и најдобар странски филм.

За прв пат во историјата на Американската академија документарен филм е номиниран во две категории. Радоста и убавото чувство барем за миг ги обедини сите.

Јас упорно тврдам 2:0 за нас ќе биде. Меѓутоа не е тоа пресудно не е тоа нешто најзначајно. И да биде 0:2 и да биде 1:1 нерешено да биде мене ми е мило што стигнавме до тука. Втората работа што ми е мило е дека „Медена земја“ ја врати публиката во македонските киносали, така што веќе сме добитници, победници во тој поглед, вели директорот на Кинотека, Владимир Ангелов.

Радоста што ја чувствувам мислам дека е веќе добиен Оскар. Уште од кога се појави филмот мислам дека цела нација се радува и сериозно е голема национална радост сето тоа што му се случи на филмот Медена земја“, така што генерално јас би рекла дека Оскарот е веќе во нашите раце. 01:32 -01:43 Иако слушам дека ќе земе и во двете категории прогнози и да не е така „Медена земја веќе не однесе многу далеку, тврди директорот на турски театар, Несрин Таир.

Фактот дека сме номинирани со два Оскара е правдата која ние ја посакувавме за овој филм којшто би го нарекол лектира. Филм кој можеш да го поставиш во воспитувањето на било кое дете или било кој човек во иднина. Толку базични работи носи во себе за хуманоста, за екологијата за сите нешта кои овој тим успеа да ги извади низ животот на Атиџе и како да ви кажам Атиџе дојде во прав момент кога требаше да не потсети на човечноста на тоа што ние во оваа транзиција измалтретирани од се и сешто помалку ја изгубивме, тврди диџејот Зоран Ристевски.

Ретка глетка кај нас различни генерации кои го пијат своето неделно кафе да уживаат во прогнозите за „Медена земја“, неделно попладне кое сосема се разликува во овој град.

Црвениот килим по кој ќе мине екипата на „Медена земја“ и Атиџе Муратова веќе е поставен. Церемонијата на доделувањето на Оскарите во Долби театарот во Лос Анџелес ексклузивно ќе се емитува на ТВ Телма и со почеток во 00:30 часот.

Нина Стефанова

Македонија навива за “Медена Земја”