7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

351

Речиси и да нема личност во светот, којашто не се нашла во ситуација да мора да го преболува партнерот, после раскинување на љубовната врска. Директорката на агенцијата за венчавки, Тамсен Фадал, не била исклучок од тоа.

Таа поминала низ многу тежок развод, после кој морала да најде нова смисла во животот. Во нејзината книга: „Новото сингл: Пронаоѓање, подобрување и одново вљубување во самите себе“ (The New Single: Finding, Fixing, and Falling Back in Love with Yourself) таа зборува за сознанијата до коишто луѓето може да дојдат, во текот на овој тежок период од животот.

Во продолжение, погледнете ги идеите на Тамсен, за важните работи коишто луѓето ги откриваат, откако ќе раскинат со долгогодишниот партнер. Нејзините предлози, ќе ви помогнат да оформите цврста, долготрајна и хармонична врска во иднина. Воедно, таа ќе ви посочи и кои работи не треба да ги правите после раскинување.

1. Ништо страшно не се случува и ќе помине

На почетокот, ќе почнете да се самосожалувате, ќе страдате и ќе размислувате за времето коешто сте го поминале заедно со претходниот партнер и ќе ги споделувате емоциите со вашите пријатели. Многу често нема да можете да спиете навечер и ќе го изгубите апетитот. Но, во одреден момент, едноставно ќе сфатите дека морате да продолжите понатаму.

Тамсен смета дека првите 90 дена после раскинувањето, се најтешката фаза. Тие се период на „преживување“. Таа препорачува во овој период да не носите никакви избрзани одлуки, да се ослободите од нештата коишто ве повредуваат и да обрнете внимание на вашиот изглед и здравје.

Продолжува на страна 2