20-годишнина од смртта на големиот македонски поет и писател Петре М. Андреевски.

46
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје има чест да ве покани на одбележување на 20-годишнината од смртта на големиот македонски поет и писател Петре М. Андреевски.
Писателот кој со својот збор длабоко се вкорени во македонската книжевност и во нашето колективно паметење, еден од најзначајните автори во современата македонска книжевност.
Петре М. Андреевски не пишуваше само за своето време. Пишуваше за човекот, за Македонија, за јазикот, за корените и за она што останува и тогаш кога времето се обидува да го избрише.
Настанот ќе се одржи на 23 септември 2026 година (среда), со почеток во 13:00 часот, во холот на првиот кат на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Преку пригодна програма, книжевна поставка, тематски осврти и читање избрани стихови и текстови, ќе се оддаде почит на ликот и делото на Петре М. Андреевски и ќе се потсетиме на неговото трајно значење за македонската поезија, литература и култура.

Воедно, би ни претставувало особена чест доколку вашиот медиум го проследи и медиумски го покрие настанот, како и да ја објави оваа покана на вашиот информативен портал, со цел пошироката јавност да биде информирана за одбележувањето на оваа значајна годишнина.

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје