Знаци дека диетата ви е дисбалансирана

1203

Луѓето кои имаат дисбаланс на хранливите материи во диетата, може да страдаат од форма на неухранетост, а оттаму нивното тело да биде повредено поради недостаток на витамини и минерали.

Балансираната исхрана е најдобар начин да го засилите имунолошкиот систем и во целина да бидете здрави и енергични.Затоа, ако сте решиле да ослабете, внимавајте многу каков режим на исхрана ќе почитувате.

Ако се сомневате дека имате авитаминоза, мора да го подобрите начинот на исхрана или да почнете да земате додатоци (витамини).

Еве и 10 знаци кои ќе ви покажат дека вашата исхрана не е избалансирана и му штети на вашето здравје:

1. Чувството на замор и слабост

Заморот и слабоста се симптоми кои покажуваат прехранбен дефицит. Може да се работи за анемија поради недостаток на железо во крвта. Други работи кои можат да предизвикаат замор на мускулите и општа слабост се недостатокот на витамин B12 и калиум.

2. Се чувствувате депресивни

Депресијата е ментална болест, но има многу работи кои може да ве натераат да се чувствувате потиснати. Истражувањата покажуваат дека неурамнотежената исхрана може да го направи човек несреќен и летаргични. Ова може да е поради дефицит на омега-3 масни киселини, амино киселини и некои витамини и минерали.

3. Имате косопад

Кога човек има недостаток на витамин B6 во организмот, тоа може да му предизвика силно губење на косата. Кршливата коса пак може да е последица на недостаток на цинк или витамин А.

4. Имате лош здив

Лошиот здив може да биде предизвикан од голем број на работи, вклучувајќи и кариес, како и инфекции на синусите. Оваа состојба може да покажува дека ви се потребни повеќе цинк, B6 или магнезиум во вашата исхрана. Поткаснувајте повеќе семки од тиква, банани или посно пилешко (кои содржат B6). Вклучете повеќе зеленчук, грав и ореви во вашата дневна исхрана, за да се зголеми внесот на магнезиум.

5. Имате акни

Акните се карактеристични за пубертетот, но може да влијаат на луѓето од сите возрасти. Тоа може да е предизвикано и од прехранбен дефицит. Конзумирање на храна која содржи трансмасти, може да предизвика појава на акни.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2