Колку сме добри во сексот според типот на телото

1520

Иако не треба “да ѝ судиме на книгата по нејзината корица”, сите тоа го правиме, свесно или не. Ова важи и во однос на сексот.

Во овој поглед, дали типот на нашето тело може да помогне во вештините во кревет? Според науката, да. Еве што има да ни каже таа.

Заоблено тело

Од биолошка гледна точка, една заоблена жена, особено во присуство на големи колкови, е склона да биде навистина отворена кон сексуални експерименти. Ова е поддржано и од научни истражувања.

Слабо тело

За разлика од полните кај слабите луѓе нивоата на ендорфин не се толку високи. А тоа според генетичарот Џејмс Вотсон значи дека тие не се многу добри во кревет.

Друго истражување сепак покажа дека мажите се претставуваат најдобро кога се со жена која има тенка половина.

Понизок раст

Некои мажи ги преферираат пониските девојки, бидејќи нивната компактност им овозможува да прават работи кои повисоките жени не ги можат. Исто така е полесно да имаат секс на повеќе места.

Од научна гледна точка пониските жени исто така имаат понизок центар на гравитација, што значи дека тие имаат и одличен баланс. Така може да се изведат со леснотија некои тешки пози.

Повисок раст

Иако во базата на истражување се наведува дека мажите и жените со долги нозе се доживуваат како секси и со добро здравје, во кревет оваа функција не е секогаш предност.

Тоа не значи дека техниката им е лоша, но високите жени немаат можност да “маневрираат” во кревет. Брзиот секс на јавно место со нив исто така не е толку лесен, особено ако жената е повисока од мажот.