Сувите и испукани пети можат да се третираат успешно и на алтернативен начин

2065

Напукнатите петти издаваат недостаток на доволни грижи за кожата на стапалата, а ладниот и сув воздух во зима го влошува статусот.

За да се погрижиме за овој проблем, не е задолжително редовно да ги посетуваме спа третманите.

Сувите и испукани пети можат да се третираат успешно и со процедура во домашни услови, која вклучува морска сол.

Солта не само што ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја омекнува кожата, но и го намалува ризикот од инфекции на кожата и иритација. За таа цел треба да ги следиме овие неколку чекори …

1. Во сад ставете топла вода, кон која додаваме морска сол. Нозете се потопуваат во неа за 10 минути.

2. Со помош на турпија се трие погодената област, за да се отстрани мртвата кожа. Ние исто така препорачиваме додадење и есенцијални масла и масажа на нозете.

3. Оставете ги нозете во водата за уште 15 минути, а потоа исушете ги со мека и сува крпа.

4. Конечно треба да се измасираат стапалата со хидратантен лосион. Можеме да го користиме и глицерин, бидејќи тој исто ја навлажнува кожата. Глицеринот може да ја “заклучи” влагата во кожата, правејќи ја задржана таму за подолго.

Препорачливо е откако ќе завршиме со постапката пред спиење да обуеме чорапи. На овој начин кожата на нозете останува хидрирана. За поефективни резултати, треба да го правиме тоа два пати неделно.