Придобивките од чаевите за убавината

89

Ако секогаш сте сакале да си направите по некој вкусен чај во текот на денот, тогаш сигурно сте среќница.

Вкусниот пијалок е полн со антиоксиданси, кои имаат исклучително позитивно влијание врз вашата надворешност.

Покрај тоа, употребата е лесна – можете да ги користите и торбичките од чајот, за да ги смирите потечените очи или само за да го вратите сјајот на косата.

Ви ги претставуваме предностите на чајот, кои сигурно ќе ве инспирираат да го додадете пијалокот во вашиот режим за убавина.

1. Добра хидратација

Имате сува кожа? Само ставете студен зелен чај директно врз лицето. Ова е добар начин да се освежите и хидрирате. Освен тоа, па ќе се здобиете и со раскошен сјај.

2. Потечени очи

Како што веќе рековме – не ги фрлајте искористените кеси од чајот. Наместо тоа, оставете ги во фрижидер за некое време и потоа врз очите. Вистинскиот чај има кофеин, кој ги стеснува крвните садови и ќе го намали отокот во оваа зона.

3. Сјај во косата

Ако во студените денови забележувате дека влакното го губи својот сјај и виталност, користете чај. Едноставно исплакнете ја косата со црн или зелен чај и оставете го да дејствува за барем десет минути. Измијте со шампон и балсам, како и обично, и ќе ја забележите веднаш разликата.

4. Мирис од нозете

Ако страдате од мирис кој доаѓа од нозете, можете да го користите чајот за да го надминете овој проблем. Наместо да се потпирате на скапи производи, едноставно потопете ги стапалата во црн чај. Тој има антибактериски својства и го запира потењето, со што се намалува мирисот. Покрај тоа, на овој начин ќе ги соберете порите на кожата на нозете.

5. Смирува после бричење

По користењето на бричот како алатка за отстранување на влакна, нозете ви поцрвенуваат, почнуваат да “испаруваат” и се чувствувате непријатно? Тука на помош доаѓаат користените кеси од црн чај. Oладете ги и направете со нив компресори врз оштетените зони.