Никогаш не е доцна да престанете да викате на своите деца…

125

Ако ви се случи поради неважни работи неконтролирано да викате на своите деца или партнерот, секако прочитајте ја исповеста на мајката која успеала да ја промени таа своја лоша навика.

Ги ценам пораките кои ги добивам од своите деца, било да се нашарани со фломастер на мало парче хартија или напишани со совршен ракопис на хартија со линии. Но, песната за Денот на мајката која ја добив минатата пролет од својата најстара ќерка, посебно длабоко ме погоди.

Првиот стих на песната ми го одзема здивот пред да почнат солзите да ми течат по лицето.

– Важна работа за мојата мајка… таа е секогаш тука за мене, дури и кога ќе направам голем проблем.

Гледате, не беше секогаш така. Во текот на мојот многу растроен живот, почнав еден нов обичај кој радикално се разликуваше од начинот на кој до тогаш се однесував. Станав лице кое вика. Тоа не беше често, но беше екстремно, како пренадуван балон кој ненадејно пука и сите во близина поради тоа се преплашуваат.

Па што се случи со моите деца, кои тогаш имаа три и шест години, зошто почнав да се губам? Дали тоа беше инсистирање на една ќерка да отрча по уште три брезлетни и омилените розови очила, кога ние веќе доцниме? Дали е причината поради тоа што другата се обиде сама да си стави овесни снегулки на маса, па сите ги истури на масата? Дали е поради тоа што една од нив ми бутна специјален украс од стаклен ангел, иако и зборував да не го пипка? Дали поради тоа што друга стоечки се бореше да не заспие токму кога мене ми беа потребни мир и тишина? Дали е поради тоа што двете се караа околу глупави работи како на пример, која прва ќе излезе од автомобилот или која ќе изеде најголема топка сладолед?

Да, тоа беа тие нешта, нормални мали препукувања и типични детски проблеми и однесување, кое ме иритираше до таа мерка што јас губев контрола.

Оваа реченица не е лесно да се напише. Ниту тоа е убав период од мојот живот за сеќавање, бидејќи да бидам искрена, се мразев самата во тие моменти. Во што се претворив што почнав да викам на две драгоцени мали деца кои ги сакав повеќе од самиот живот?

Продолжува на страна 2