А во моментите кога чистата исцрпеност и постојаното кукање се закануваат дека ќе го земат најдоброто од мене, влегував во бањата, затворав врата зад себе и си давав малку време да дишам и да се потсетам дека тие се деца, а децата грешат. Исто како и јас.
Со време исчезна и стравот кој се гледаше во очите на моите деца, кога паѓаа во неволја. И благодарам на Господ, станав закрила во нивните тешки моменти, наместо непријател од кој треба да бегаат и да се кријат.
Не сум сигурна дали би се сетила да напишам за оваа длабока трансформација, а да не се случеше инцидент додека го завршував ракописот за мојата книга. Во тој момент почувствував дека животот ми е претежок и потребата да викам ми беше на врв на јазик. Го приведував кон крајот последното поглавје на книгата, кога мојот компјутер се замрзна. Ненадејно, измената на цели три поглавја исчезнаа пред моите очи.
Поминав неколку минути обидувајќи се да ја вратам последната верзија на ракописот. Кога тоа не ми успеа, консултирав и бек ап, само за да откријам дека и таму ракописот исчезнал по некоја грешка. Кога сфатив дека никогаш нема да ги вратам поглавјата на кои работев, ми дојде да плачам, или уште подобро, ми дојде да врискам од бес.
Но, не можев бидејќи требаше да ги земам децата од училиште и да ги однесам на пливање. Со голема воздржаност мирно го затворив мојот компјутер и се потсетив дека постојат многу, навистина многу полоши проблеми од повторното пишување на овие поглавја. Затоа си реков, дека не постои апсолутно ништо што би можела сега да го направам за да го решам овој проблем.
Кога моите деца влегоа во автомобилот, веднаш знаеја дека нешто не е во ред. – Што не е во ред мамо? – ме прашаа едногласно по само еден кус поглед на моето бледо лице. Ми дојде да вриснам – Само што изгубив цела четвртина од мојата книга!
Ми дојде со дланка да го скршам воланот бидејќи седењето во автомобилот беше последно место на кое сакав да бидам во тој момент. Сакав да одам дома и да ја поправам својата книга, а не да ги возам децата на пливање, да цедам мокри костими за капење, да им ги чешлам замрсените коси, да им готвам вечера, да мијам чинии и да ги успивам.
Продолжува на страна 4


















