Никогаш не е доцна да престанете да викате на своите деца…

1831

Но, наместо тоа мирно реков: – Малку ми е проблем сега да зборувам за тоа, изгубив дел од книгата и не сакам да зборам за тоа, бидејќи се чувствувам лошо.

– Жал ни ењ, рече постарата ќерка во име на двете. И тогаш, како да знаеја дека ми требаше простор, беа мирни се до базенот. Децата и јас ги завршивме сите активности тој ден и иако бев потивка од обично, не викав и дадов се од себе да се воздржам од тоа да мислам на книгата. Конечно денот заврши.

Ја успав помалата ќерка во кревет и седнав со поголемата на вечерно муабетење. – Мислиш дека ќе успееш да ги вратиш поглавјата?, тивко ме праша ќерка ми. И тогаш почнав да плачам, не толку поради тие три поглавја, знаев дека можам повторно да ги напишам, мојот слом се случи повеќе од замор и фрустрации кои го подразбираат пишувањето и уредувањето на книга.

Бев толку блиску до крајот. На мое изненадување, моето дете ми пружи рака и нежно ме погали по косата. Изговори охрабрувачки зборови како – компјутерите можат да бидат толку фрустрирачки и Можам да погледнам во бек ап и да видам дали можам да ти ја поправам книгата. И на крај, мамо ти тоа го можеш, ти си најдобар писател кој го познавам и јас ќе ти помогнам колку што можам.

Кога јас имав проблем, таа беше тука, трпеливо и сочувствително ме храбреше не помислувајќи да ме удри кога веќе бев на дното. Моето дете не би го научило овој одговор полн со емпатија, ако јас останев она исто лице кое вика.

Бидејќи викањето ја затвора комуникацијата, ги прекинува врските, тоа прави луѓето да се разделуваат, наместо да се зближуваат. Важна работа е… мојата мајка секогаш е тука за мене, дури и кога ќе направам проблем.

Моето дете тоа го напиша за мене, жена која помина низ тежок период на кој не е горда, но од кој научи. И во зборовите на мојата ќерка гледам надеж и за другите.

Продолжува на страна 5