„Малиот принц“ како терапија

2176

Популарниот роман „Малиот принц“ на францускиот писател Антоан де Сен-Егзипери, официјално стана терапевтско средство врз основа на одлука на суд во аргентинскиот град Росарио.

Според судската пресуда, разведените родители еднаш неделно секој месец ќе треба да им го читаат овој роман на своите деца, со што мајките и татковците „подобро ќе ги сфатат своете деца“.

Покрај „Малиот принц“, задолжителни четива за разведените родители станаа и „Етиката на Амадора“ и „Конвенцијата за права на децата“.