Дали сте забележале дека наутро лицето ви е секогаш подуено? Тоа е затоа што додека спиеме, клетките ни се регенерираат и порите се прошируваат.
Добрата вест е дека може лесно и брзо да се ослободите од подуеноста и тоа само со едно движење! Магичниот трик е да го испрскате внимателно лицето со ладна вода.
Студената вода има и неколку други бенефиции за изгледот, од кои имаме неверојатна корист:
• Миењето на лицето со ладна вода ги стеснува порите. Ако ви е непријатно уште со станувањето да ставате ладна вода врз кожата, измијте го лицето прво со топла вода, а потоа за неколку секунди испуштете повеќе ладна и исплакнете. Ледената течност помага и за криење на круговите под очите.
• Студената вода делува како крем против брчки! Таа ја тонизира кожата, ја подмладува и ѝ дава свеж изглед. Користете често ладна вода за миење на лице, бидејќи тоа го забавува процесот на стареење и го исполнува брчките, измазнувајќи ја кожата.
• Помага против штетните ефекти на сончевите зраци. При изложување на сонце, порите се прошируваат и тоа дава полесен пристап на ултравиолетовите зраци да навлезат во кожата. Бидејќи ладната вода ги стеснува порите, тоа може да биде спречено или сведено на минимум.
• Дава поголема трајност на шминката. Откако ќе го измиете лицето со ладна вода, тоа изгледа стегнато, непречено и освежено, а нанесувањето на шминка е полесно и текстурата останува подолго во совршен изглед на него.
• Ја помага циркулацијата на крвта! Сигурно сте слушнале дека алтернацијата на топол и ладен туш го зголемува тонусот, еластичноста на кожата, циркулацијата, имунитетот и дури го помага слабеењето и ослободувањето од целулитот (температурните варијации се како шок за телото и тоа гори калории, додека се обидува да го загрее).



















