Дали коронавирусот може да се пренесе преку секс?

294

Кинеските истражувачи ги анализирале резултатите од 38 пациенти кои се заразиле со коронавирус – 15 кои сè уште се во болница и 23 кои се опоравиле.

Вкупно 6 мажи, или 16 проценти, го имале вирусот Ковид-19, во нивниот примерок од сперматозоидите.

Научниците тврдат дека вирусот може да остане многу подолго во тестисите и може да се прошири подоцна преку секс, пренесува британски „Sun“.

Истражувачот д-р Шикси Џенг изјави дека „опстанокот на САРС-КоВ-2 во спермата на пациент кој се опоравува, ја одржува веројатноста за заразување на други луѓе“.

Тој додал дека доколку понатамошните тестови покажат дека коронавирусот се пренесува за време на сексот, мажите кои се опоравуваат треба да бидат охрабрени да се „воздржат или да користат кондоми“ за да спречат пренесување.

Британските експерти велат дека резултатите се „интересни“.

Алан Пајси, професор по андрологија на Универзитетот во Шефилд, изјавил: „Не треба да се изненадуваме ако вирусот што го предизвикува Ковид-19 е пронајден во спермата на некои мажи, бидејќи така се пронајден и многу други вируси како еболата и вирусот зика“.

Други истражувачи велат дека студијата покренала „важни прашања“.

Професорот Ричард Шарп, од Универзитетот во Единбург и член на Друштвото за ендокринологија, изјавил: „Овој наод ја зголемува можноста дека Ковид-19 може да се пренесе и преку сперма и со тоа преку сексуален контакт, можеби вклучително и во фазата на закрепнување“.

Тој рече дека проучувањето на времетраењето на вирусот во примероците од спермата треба да биде приоритет за да се спречи ширењето на инфекцијата.