Кина испиша историја ! Го постигнаа она што никој сè уште не го постигнал

595

Враќањето на капсулата на Земјата го означува крајот на шестата кинеска лунарна мисија од 2007 година.

Кинеската лунарна сонда Chang’e-6 се врати на Земјата со првите примероци од карпи земени од далечната страна на Месечината, што претставува голема пресвртница за растечката вселенска програма на земјата и истражување на најблиската планета.

Капсулата паднала во степите на северниот кинески регион Внатрешна Монголија во вторникот, покажале слики во живо на кинеската државна телевизија.

Кина последен пат донела примероци од карпи во декември 2020 година. Соединетите држави и Советскиот Сојузизвршиле свои мисии во 1960-тите и 1970-тите.

Сепак, ова е прва мисија која обезбедила примероци од страната на Месечината свртена подалеку од Земјата. Научниците се надеваат дека ќе обезбедат нови сознанија за историјата на сателитот на Земјата.

Lander на вселенското летало Chang’e-6, именуван по кинеската божица на месечината, слетал на јужниот пол на Месечината – областа Aitken на 2 јуни.

Кинеските истражувачи претпоставуваат дека вратените примероци ќе се состојат од вулкански карпи стари 2,5 милијарди години. Примероците може да содржат и траги од претходни удари на метеорити, што би можело да понуди индиции за тоа како се формирал нашиот Сончев систем.

Враќањето на капсулата на Земјата го означува крајот на шестата кинеска лунарна мисија од 2007 година.

Мисијата Chang’e-5 донела примероци од блиската страна на Месечината во 2020 година. Пред тоа, Кина стана првата земја што слетала на далечната страна кога роверот Chang’e-4 го истражувал тамошниот терен во 2019 година.

Слетувањето на Месечината е исклучително тешко. Во неодамнешното минато, неколку сонди од Индија, Израел, Јапонија и Русија не стигнале како што било планирано.