Најголемите лажни холивудски љубовни врски

5232

Љубовните врски и браковите на холивудските и музичките ѕвезди изгледаат како да се бајка – имаат пари, имаат популарност, имаат убав живот. Освен оние кои не се…

Постојат многу теории за лажни бракови и медиумски сценарија, за да се стекне поголем публицитет. Некои од тие се покажале како вистина, а некои важат и за теории на заговор.

Овие се најпопуларните:

Том Круз и Кејти Холмс

Katie Holmes y Tom Cruise

Важеа за омилен пар ширум светот, имаа венчавка од бајките, а ја добија и ќерката Сури. По нивниот развод се појавија шпекулации дека нивниот брак бил договорен од скиентолошката црква, а дека основачот на оваа црква е татко на Сури.

Мајкл Џексон и Дебра Роу

Debbie Rowe y Michael Jackson

Медицинската сестра Дебра по три години брак се разведе од поп-ѕвездата и се одрече од старателството над децата, во замена за луксузен имот на Беверли Хилс. Таа за медиумите тврдеше дека била со Мајкл само за тој да може да стане татко.

Џенифер Анистон и Винс Вон

Jennifer Aniston y Vince Vaughn

Наводно, причината за нивното раскинување бил лошиот резултат од продажбата на нивниот заеднички филм.

Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон

Kristen Stewart y Robert Pattinson

Тие заедно го снимаа „Twilight“ и уште тогаш излезе информација дека и во реалниот живот се во врска. Потоа, Кристен се декларираше како лезбејка и изјави дека нејзината врска со Патинсон била медиумски продукт.