Ќе ви кажам во што се претворив. Во мое свртување на вниманието.
Претераната употреба на телефонот, премногу задачи, ту-ду листи на повеќе страни и трката по совршенство едноставно ме исцрпеа. А викањето на луѓето кои ги сакав беше директна последица на губење на контрола која ја чувствував во својот живот. Секако, морав некаде да пукнам. Пукнав зад затворени врати во друштво на луѓе кои ми значеа најмногу на светот. Се до еден судбоносен ден.
Мојата постара ќерка стана од столчето за да дофати нешто, а потоа случајно преврте цела кеса ориз на подот. Додека милиони ситни зрна летаа по подот како дожд, очите на моето дете се исполнија со солзи. И тогаш го видов – стравот во нејзините очи додека се подготвуваше за тиранија од својата мајка.
– Таа се плаши од менем помислив со најболното можно сваќање. – Моето 6 годишно дете се плаши од реакцијата на својата невина грешка.
Со длабоко жалење сфатив дека не сум мајка каква што сакам да ги порасне моите деца, ниту дека така сакам да го живеам остатокот од животот.
Во неделите кои следеа по таа епизода, доживеав слом и просветлување – момент кој ме покрена на патот хандс фрее, пат до заборавот на целото свртување на вниманието и бавење со она што навистина е важно. Тоа беше пред три години, година на легално одвојување од претерувањето во употребата на електронските гаџети во мојот живот…
Три години ослободување од недостижните стандарди на перфекција и притисокот на општеството да правиш се. Како што се ослободував од своите интерни и екстерни дистракции, бесот и стресот кои вриеја во мене, полека исчезнуваа. Со помалку товар на грбот, можев да реагирам на грешките на моите деца на многу посмирен, по сочувстителен и поразумен начин.
Зборував работи како: – Тоа е само сируп од чоколадо. Можеш да го избришеш и масата ќе биде како нова. (Наместо да испуштам огорчена воздишка и да превртувам со очите). Се понудив да ја држам метлата додека таа ги чистеше овесните снегулки од подот. (Наместо да стојам над неа со поглед на негодување и неопислива досада). И помогнав да размисли каде ги оставила своите очила. (Наместо да ја посрамотам што е толку многу неодговорна).
Продолжува на страна 3


















