Психолозите од Ирска и Швајцарија изнесоа како јазикот на телото влијае на сексуалното привлекување. Излезе дека наклонот на главата игра важна улога.
Волонтерите во експериментите ределе слики на познати личности според нивната атрактивност. Резултатите покажуваат дека жените се најсекси кога нежно ќе ја свртат надолу брадата. Кај мажите сепак брадата треба да е подигната. Така таа создава илузија за сила и тоа им се допаѓа повеќе на жените.
Насмевката ги привлекува само мажите. Жените преферираат кавалер со сериозен или тажен израз.
Од претходното истражување е познато дека постои директна врска помеѓу сексуалната привлечност и долгиот безимен прст на мажот. Други научници открија дека за краток флерт жените преферираат мажи со лузни.
Понежните и одржувани мажи, жените имаат тенденција да ги гледаат како стабилни и соодветни кандидати за брак. Истовремено со тоа психолозите советуваат мажите да не бидат многу напорни. Според нив шансите за секс се зголемуваат, ако жената пројави желба прва.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.