Корисни продукти

1673

Многу луѓе кога ќе одлучат да водат здрав начин на живот држат диети со внесување во исхраната на корисни производи. Но, принципот колку повеќе толку подобро, во овој случај не може да помогне.

Научниците откриле дека земањето на некои корисни прехранбени производи не дава корисни резултати или пак истите се контрапродуктивни.

Една нова студија на специјалисти од Универзитетот во Пенсилванија покажа дека употребата на производи богати со железо, заедно со пиење зелен чај е апсолутно бескорисно.

Логичката претпоставка е дека комбинацијата од нив може да му даде на телото многу хранливи состојки одеднаш, но во пракса се покажува дека нема такава ефикасност.

Научниците заклучиле дека железото ги намалува антиоксидансите од зелениот чај.

„Пиењето на зелениот чај по консумирање на богати со железо производи, како што се црвено месо, спанаќ или зелка,не е корисно, односно зелениот чај ги губи корисните состојки”, објаснуваат авторите на студијата.

Медицинските лица не е прв пат го покренат прашањето за корисните производи. На пример, тие не препорачуваат да се комбинира зеленчук со млеко и овошје, затоа што тоа оптоварува дигестивниот систем. Производи со скроб да не се комбинираат со шеќер и овошје, но исто така и со протеини, особено од животинско потекло.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.