Убавина со помош на… ЛАЖИЦА

119

Обично, ако прашаме неколку дами каква е нивната прва асоцијација кога ќе го слушнат зборот “лажица”, сигурно одговорот ќе биде – храна.

Тоа е сосема нормално, бидејќи кујнскиот прибор е незаменлив во лесното конзумирање на течна храна како супи, на пример.

Ако ја оставиме оваа страна на гледање на нештата, ќе видиме дека лажиците можат да бидат незаменлив помошник и за убавината.

Бидејќи тоа може да ви се стори многу чудно и речиси невозможно, предизвикуваме да пробате неколку едноставни трикови кои имаат неверојатно позитивно влијание врз начинот на кој изгледаме.

1. Потечени очи

Ако страдате од подуени очи, под кои често откривате наутро темни кругови, тогаш сигурно овој трик е за вас. Ставете две лажици во замрзнувач и оставете ги таму барем за една ноќ. Другиот ден извадете ги и оставете на собна температура за неколку минути, колку да не се залепат за кожата.

Потоа допрете ги со вдлабнатиот дел и покријте ги очните капаци. Останете така додека не почувствувате дека лажиците веќе се топли. Овој трик ќе го намали отокот и ќе ја олабави значително кожата.

2. Задржана вода

Ако забележите дека често областа под очите и околу носот е отечена, користете две однапред изладени лажици. Со конвексниот дел масирајте ја зоната со кружни движења барем за неколку минути.

Ова ќе ви овозможи да се разреди акумулираната вода – нешто што често се добива по дехидрација или прекумерна употреба на сол и солена храна.

3. Виткање на трепки

Употребата на лажица, за да се навиткаат трепките е ефикасен начин да се подготвите за неколку за минути. Обично тоа е лесен и практичен начин да најдете алтернативна замена на извивачот за трепки. Техниката е многу едноставна – користете го работ на лажица, со тоа што ќе го го поставите максимално блиску до горната линија на трепките.

Потоа користете го палецот за да ги притиснете трепките нагоре. Кога ќе го постигнете саканиот ефект, нанесете неколку слоја маскара за да ја зачувате зададената форма.