Јогата го засилува умот и концентрацијата | Видео

101

Само 20 минути јога на ден изостри умот, открија американските научници.Тие откриле дека јогата е поефикасна за јакнење на умот од традиционалната аеробик.

Американските научници утврдиле дека само една вежба со Хата јога значително ja подобрува брзината и точноста на човекот при истражување на работната меморија и концентрација.

„Јогата е древна индиска наука и начин на живот и вклучува не само физички движења и пози, туку и регулирање на дишењето и медитација. Практиката вклучува активно внимание и концентрација, но потенцијалните придибивки од неа не беа целосно испитани“, изјави раководителот на истражувањето Нехео Готе, професор по кинезиологија (наука за човечки движења), здравје и спорт од универзитетот Вејн Стејт во Детроит.

За време на експерименталните вежби по јога учесниците беа замолени да направат пози во исправена, седечка и лежечка положба, со стабилно дишење. Вежбите вклучуваа еднаква контракција на различни мускули на телото, при што мускулите се стегаат и опуштаат без никакво движење на екстремитетите.

Исто така, биле следени и вежбите за медитација, при што учесниците се фокусираат на одредена поза и длабоко дишење. Потоа истражувачите натерале учесниците да одат по движечка патека за истиот период од 20 минути, одржувајќи го срцевиот ритам на ниво меѓу 60 и 70% од максимумот.

Тие откриле дека луѓето кои правеле џогирање 20 минути, не успеале да се фокусираат толку на задачите, како по вежбањето јога. „Се чини дека по тренингот по јога учесниците успеваат подобро да се фокусираат на менталните ресурси, брзо и точно да обработуваат информации, исто така и да учат, да се сеќаваат и поефикасно да ги надградуваат информации отколку по тренингот по аеробик. Дишењето и медитацијата имаат цел да ги смират умот и телото и да ги оттргнат мислите додека сте фокусирани на телото, позицијата и дишењето. Можеби овие процеси се пренесуваат и надвор од јогата, односно кога извршувате ментални задачи или секојдневни активности “, смета Готе.