Јосип Броз Тито починал на 4 мај 1980 година во 15 часот и 5 минути во Клиничкиот центар во Љубљана.
Веста за неговата смрт ја соопшти Миодраг Здравковиќ, спикерот на Телевизија Белград.
Во јануари, поточно на вториот ден од тој месец, Тито бил примен во болница поради проблеми со циркулацијата, а пред смртта му била ампутирана ногата, на што не се согласувал додека бил при свест.
Тој бил во индуцирана кома од средината на февруари.
Ковчегот со неговите посмртни останки пристигнал следниот ден со Синиот воз од Љубљана, преку Загреб, до Белград. Три дена подоцна, на погребот присуствувале 700.000 луѓе, со 209 државни делегации од 128 земји ширум светот, што го прави најпосетениот погреб на државник во 20 век.
Тито е погребан во Куќата на цвеќето на Дедиње, каде што неговата сопруга Јованка почива од 2013 година. Неговиот гроб и денес е дестинација на многу туристи, посетители и верници од целиот свет.
Доктор ја откри вистинската причина
Професорот д-р Предраг Лалевиќ, кој се смета за татко на анестезиологијата на Балканот, бил член на медицинскиот совет кој меѓу другото потпишал 114 изјави за текот на престојот на Јосип Броз Тито за време на лекувањето во Љубљана.
Д-р. Лалевиќ рече дека не се точни тврдењата за „кардинална лекарска грешка што го убила Тито“. Тој открива детали за здравствената состојба на Тито и неговата одлука да му ја ампутираат ногата.
„Тоа е толку погрешно и злонамерно што нема ни да коментирам. Еве што се случило. На првиот ден од новата 1980 година, на телефон ми се јави професорот Миро Кошак од Караѓорѓево и накратко ме извести да се пакувам и заминувам од Батајница со другарот претседател утре за Љубљана. Разбрав што се случува и веќе следниот ден, на 2 јануари, пристигнавме во главниот град на Словенија, каде Тито е примен во болница на преглед на крвните садови на нозете.
По деталните прегледи, докторите професори Богдан Брецељ, Миољуб Кичиќ, Миро Кошак, Станислав Махкота, Ѓорѓе Поповиќ, Јован Ристиќ, Иван Обрез и јас утврдивме дека има големи промени во крвните садови на левата нога. Тито не беше задоволен од тоа мислење и како да претчувствуваше што ќе се случи рече – Додека сум на земјата сакам да бидам едно парче“, открива д-р Лалевиќ.
Тито се соочил со голем број здравствени проблеми, вклучувајќи откажување на бубрезите и срцеви проблеми, а долги години страдал од дијабетес.
Ампутацијата на левата нога е извршена на 20 јануари. Закрепнувањето очигледно било успешно, но ситуацијата нагло се влошила кон крајот на февруари.
Тито починал на 4 мај, а обдукцијата покажала сериозни здравствени компликации. Лекарите вложиле напори да ја ублажат неговата болест.



















